24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Во 2021 година ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање преку повеќе инструменти во износ од 17,5 милиони евра

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Посветеноста на компаниите за постојан развој, придонесува за поквалитетни и поконкурентни производи и услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој.

Успешните апликанти во програмите за поддршка на ФИТР, учествуваат и во остварувањето на мисија на Фондот – поттикнување и поддршка на иновативните решенија во микро, малите и средните претпријатија, како и забрзан технолошки развој на компаниите.

Од портфолиото на Фонд за иновации и технолошки развој, во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра, што е огромно зголемување ако се спореди периодот до 2017 година кога ФИТР просечно поддржуваше само 36 компании годишно.
За 2021 година, ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање преку повеќе инструменти во износ од 17,5 милиони евра.