25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дигитализацијата на услугите е еден од факторите што Република Северна Македонија четврта година по ред ја предводи листата за спроведување и имплементирање на политиките препорачани од Европската комисија

По објавувањето на извештајот на Европската комисија „Работен документ на Комисијата за Програмата за економски реформи за 2021 – 2023 година за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција“, заклучивме дека веќе четврта година ја предводиме листата за спроведување и имплементирање на политиките препорачани од Европската комисија.

Напорите и придонесот на Министерството за информатичко општество и администрација, за дигитализација на услугите дадени од јавните институции, се високо ценети во мерката 14 „Зголемување на бројот на дигитални услуги обезбедени на Националниот портал за електронски услуги“ од извештајот на Европската комисија.

Потребата за дигитализација на услугите се зголеми неверојатно во текот на пандемискиот период. Дигитализацијата на услугите е исклучително важна за да се намалат трошоците и потрошеното време. Нашата цел е да создадеме соодветно опкружување за деловниот сектор. Во моментов напредуваме во однос на услугите кои ги даваме на граѓаните, но правиме и чекори напред за услугите наменети за деловните субјекти. Имаме одлична соработка со сите министерства и државни органи во земјата и имаме за цел да го зголемиме бројот на е-услуги уште повеќе во блиска иднина.

Ваквите резултати само нè мотивираат уште повеќе да ги исполниме нашите ветувања и уште повеќе да ја зајакнеме меѓуинституционалната соработка и да ја подобриме комуникацијата помеѓу министерствата и другите јавни институции во земјата.