„Позитивни движења имаме и кај нас од почетокот на годината и тоа најдобро може да се види преку приходната страна на буџетот. Од почетокот на годината заклучно со 15 ти април, приходите се повисоки за разлика од лани за 7,8 проценти. Имајќи предвид дека тој период не беше опфатен од ковид кризата што значи дека ова е навистина позитивен резултат. Просечната плата исто така почна да расте и од почеток на годината има раст од 2,7 проценти, а се забележува и раст на кредитирањето од 4,4 проценти.“- изјави заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, во интевјуто на ТВ Стар.
Дополни дека буџетот е во солидна кондиција и дека може да ги издржи антикризните мерки кои продолжуваат и со шестиот пакет.
„Ги уверувам и пратениците и граѓаните дека буџетот на РСМ е ликвиден, може да ги сервисира сите обврски кои што ги има, нивото на задолженост на државата во наредниот среднорочен период се насочува кон консолидација на јавните расходи. Да не заборавиме сега имаме зголемување на јавниот долг како резултат на ефектите на здравствено економската криза.“- рече Ковачевски.