Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Театарот со скафандери скапо ќе ја чини власта

СДСМ не го стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да може да прави театар во скафандери, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните случувања во Собранието кога се гласаше петтиот сет антикризни мерки, а по одржаната прес-конференција на СДСМ.

„Владејачкото мнозинство и Талат Џафери како извршител на Заев избраа да прават театар од обврската која ја имаат, а тоа е гласање на антикризните мерки. Пратениците во скафандери се реално непотребни, и без нив ќе беше изгласана помошта, но на Заев му е важен театарот, затоа компаниите чекаа. Театарот од вчера скапо ќе ја чини власта. Ќе има кривична одговорност како за пратениците со скафандери, кои болни дојдоа во собрание да шират зараза, но и за сите кои тоа го овозможија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само универзумот и глупоста на Зоран Заев немаат крај. Тие се бескрајни“, додаваат во писмената реакција од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК

Излета автомобил, едно лице тешко повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.