26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Апасиев, лажниот борец за работнички права кој прима државна плата, правеше сè помошта за плати да не стигне до работниците

Соопштение за јавност на СДСМ, кое го пренесуваме интегрално:

Димитар Апасиев е лажен борец за работнички права, лажен борец за социјална правда.

Левица, партијата која се декларира како левичарска и која наводно се бори за работниците, во Собранието правеше сè за да се загубат работни места и работниците да останат без плата.

Апасиев со плата од најмалку 60.000 денари, кој ја добива од граѓаните, правеше сè за граѓаните погодени од коронакризата да не можат да земат барем минимална плата за месеците февруари и март.

По којзнае кој пат Апасиев повторно го стави својот политички интерес и его, пред потребите на работниците.

Апасиев докажа дека е лажен левичар. Тој е само човек „по потреба” во Собранието кој одработува за туѓи партиски и лични интереси.

Наместо суштински да се бори за работниците, гледа преку маката и грбот на работниците да се дограби до политички поени и притоа како по обичај, не нуди конкретни предлози и не учествува во работните тела на собранието со свој придонес.

Единствената понуда на Апасиев е само популизам и обиди да им се наштети на граѓаните.

Не им успеаја блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат ниту обидите за блокади на нивниот соработник Апасиев.

Помошта од петтиот пакет ќе биде испорачана до работниците и компаниите, последиците од коронакризата ќе бидат надминати.