55-годишен тетовец пријавил измама откако сопственото возило кое го заложил за градежни услуги му било одземено, а градежните работи кои тој ги очекувал не биле извршени.
Во 12:00 часот во Полициската станица Тетово, 55-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од Р.В.(38) од с.Желино, Тетовско.
Според пријавеното, тие пред нотар во Тетово склучиле договор пријавениот да му изврши градежни работи, а за возврат му било дадено патничко возило „фолксваген туарег“ во вредност од 12.000 евра, а градежните работи чинеле 10.000 евра.
Како што е пријавено, во договорот стоело дека Р.В. не смее да го отуѓува возилото додека не ги изврши градежните работи, но тој ниту ги извршил градежните работи, а со помош на вработена кај нотарот го отуѓил возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.