25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

15 прекршувања на забраната за движење, 480 казни за неносење маска

15 лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 20 часот на 14.4.2021 до 5 часот на 15.4.2021, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија за мерката носење лична заштита на лицето регистрирани се 480 прекршоци, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.