Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Тетовско за издржување затворска казна

Денеска, околу 12 часот, во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле лицето Б. З. (33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво според Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, лицето Б. З. денеска ќе биде спроведено во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА: Студот полека доаѓа, синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК