15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Преку соработка меѓу Агенцијата за храна и АВМУ потрошувачите ќе се штитат од измама со храна

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потпишаа меморандум за соработка во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхраната во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивните тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храната.

Целта на потпишувањето на меморандумот е да се заштитат здравјето и интересите на потрошувачите и граѓаните да имаат можност да направат личен и правилен избор врз основа на вистинити и чесни информации. Имајќи ја предвид ранливоста на најмладите, посебен фокус ќе биде ставен на аудио и аудиовизуелните комерцијални комуникации, што се составен дел или ги придружуваат емисиите за деца, а кои содржат масти, заситени масни киселини, сол/натриум и шеќери, чие прекумерно внесување во вкупната исхрана не е препорачливо.

„Размената на информации меѓу двете агенции ќе биде во функција на доследно почитување на законски пропишаните правила и стандарди за комерцијални комуникации, кои се однесуваат на храната и додатоците во исхраната“, посочи директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

„Преку договорената соработка, во рамките на националната регулатива, која се однесува на оваа област, денес, заедно со АВМУ пред потрошувачите, институциите и бизнис-заедницата ги поставивме основите за одговор на современите барања за рекламирање на оваа категорија производи, што ќе биде гаранција дека на пазарот се нудат максимално безбедна храна и додатоци во исхраната, а потрошувачите не се доведуваат во заблуда и измама од страна на операторите“, истакна Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +