Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднел кривична пријава против три лица за силување и за помагање во извршување на делото.
И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, се товари дека извршил сексуална злоупотреба врз осумнаесетгодишна девојка од Струмичко, додека пак, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од Банско, дека помогнале во намерата на првоосомничениот.
Настанот се случил завчера околу 17:40 часот на улицата „Невена Стојкова“. Како што соопштија денеска од МВР, лицата биле лишени од слобода и по обезбедените докази вчера биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.