25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче тераа политичка агенда, поради доцнење на мерките 10.000 новозаразени

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагирaaт за состојбата со коронавирусот во нашата земја.

„Уште еднаш се покажа дека власта на Заев и Филипче абер нема од стратегија за справување со ковид-кризата, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пред пет дена скандалозно тврдеа дека нема ефект од нови мерки бидејќи вирусот е широко раширен. Ефектот од задоцнетите мерки е речиси 10.000 нови заболени и 300 починати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека експертите и јавноста претходно предупредуваа дека нов бран ѝ се заканува на Македонија, но нив, како што велат, мува не ги лазеше, се возеа со мотори и патуваа со хеликоптери.

„Поради политика Заев и Филипче дозволија вирусот масовно да се прошири, а граѓаните да се заразуваат и умираат. Во овој период кога во црно се завија стотици семејства, тие организираа внатрепартиски избори со еден кандидат, правеа циркус во Собранието, правеа настани, подготвуваа попис и тераа инает со здравиот разум. Патем, поради криминогени побуди и поради неспособност не набавија навреме вакцини за масовна имунизација на населението. Македонија е на дното по вакцинација и на врвот по смртност во светот. Но Филипче и Заев се оперирани од чест, срам и одговорност“, додавааат од ВМРО-ДПМНЕ.