Целата јавност денеска сведочи на уште едно лицемерно, деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски која глуми загриженост за здравјето на граѓаните, денеска продолжи со деструктивноста одржувајќи протест пред Министерството за здравство, изјави Стефан Васев од СДСМ.
„ Ден пред да пристигнат над 20.000 дози вакцини, ВМРО-ДПМНЕ партијата позната по прекршување на мерките за заштита од ковид 19, организира масовни собири. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која е против пописот, наводно загрижена за здравјето на граѓаните, денеска организира јавни собири“ рече Васев.
Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ пописот не е безбеден за здравјето на граѓаните, ама нивните лицемерни протести биле безбедни.
„ Се покажа уште еднаш дека од почетокот на пандемијата, па се до денеска ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните и здравствениот систем. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, ним им се важни само личните и партиските интереси. Последен доказ за тоа е денешниот нивен лицемерен протест пред Министерството за здравство.
Граѓаните, целата јавност одамна ја препознаа деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа шест пати ги казнуваат на избори и токму затоа повторно ќе ги казнат на изборите наесен“ порача Васев.