13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Андоновска: Доста со игранки за чекање мали количини на вакцини, овозможете основни крвни анализи преку ФЗОМ

Додека во речиси сите земји вакцинацијата против корона почна во декември минатата година, во Македонија граѓаните се уште само слушаат како вакцините само што не стигнале. Филипче кажа јануари, па февруари, сега вели март, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа обвини дека власта спроведува пљачка на граѓаните, дека освен што се зголемени цените на лековите кои за некого живот значат, лековите кои спречуваат згрутчување на крв, како Клексан, Фраксипарин, Ксаретло, граѓаните се речиси приморани да ги плаќаат приватно и крвните анализи кои се неопходни како за болните од корона, така и за оние кои што ја прележале.

Оние кои не можат да платат вели таа се приморани да чекаат по ходниците на ковид центрите низ државата и во Скопје во само три амбуланти и поликлиники.

„ Министре, едноставно е, како што треба итно и неодложно да ги поставите Клексанот, Ксарелтото и Фраксипаринот на позитивната листа на лекови, така треба и граѓаните да можат да ги направат крвните анализи како што се испитување на ЦРП, ДДмери, ЛДХ, серолошки тест за антитела, преку Фондот за здравствено осигурување“ истакна Андоновска.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до министерот Филипче и Фондот за здравствено осигурување, да овозможат сите лаборатории кои работат со Фондот за здравство, да ги прават овие анализите за сите осигуреници, а трошоците за истите да се покриени од страна на ФЗОМ.

Андоновска вели доста е со чекања на мали незначителни количини на вакцини, со лагите, власта да направи нешто реално за граѓаните.

За сите пропусти, и за секој еден изгубен живот, ќе има одговорност, порача таа.

Можеби ќе ве интересира

Д-р Шабан Салиу на 23-годишнината на ДСР: Од борба против дискриминација до институционална сила на Ромите!

ДЕСК

Сретен Стојковски од Коалицијата за зелена иднина: Потенцијалот на Куманово нема да се распарчува со импровизации

ДЕСК

Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.