24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мисајловски: Не е баш сè така розово како што презентира власта

По средбите со жителите на Бутел, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, и пратеникот Дарко Костовски, истакнаа дека животниот стандард не е толку розов како што власта го презентира.

„Денеска, со многу пензионери исто така се сретнавме и имавме убав настан, каде што можевме да слушнеме каков е животот во Македонија и колку се задоволни од стандардот. Јас можам да кажам дека не е баш така сè толку розово како што оваа власт сака да презентира. Односно, слушнавме пред извесно време министерката за труд и социјала спомна дека сите граѓани се среќни од кога СДСМ дошол на власт. Но, не е така“, потенцира Мисајловски.

„Денеска слушнавме дека граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата. Слушнавме дека многу нивни основни потреби не може да си ги остварат. Слушнавме дека не може за еден обичен преглед да дојдат на ред во амбулантите и поликлиниките. Не може и немаат можност да се вакцинираат. Не може да гледаат како нивните деца немаат работа тука бидејќи сè повеќе гранки се затвораат“, додаде Мисајловски.

Според него, добро е што ВМРО-ДПМНЕ е на терен и разговара за овие прашања со граѓаните бидејќи сите забелешки, како што рече подоцна, ќе бидат преточени во програма за подобар живот.