На 18.02.2021 околу 21.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејствија, обезбедувајќи претходно случена сообраќајна незгода меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од Скопје, при што се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а М.Ј. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.