24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија најмалку одвојува средства за помош на стопанството

„Владата на Заев нема апсолутно никаква стратегија за излез од економската криза. Мерките кои ги превземаат се обично замајување на јавноста и купување на ден повеќе социјален мир во Македонија.Македонија со 3,5% е трета земја во Европа која одвоила најмалку средства за поддршка на стопанството изразено во процент од БДП. Ама затоа гледаме дека милионски средства одвојуваат општините за партиски вработувања на локално ниво. Затоа стопанството тоне, а над 55 илјади лица се нови невработени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, дури и тие средства кои владата се фали дека ги одвоила во пакет мерките, катастрофално лошо се реализираат. Па така наместо помпезно најавуваните над 1,2 милијарди евра помош, во економијата завршиле помалку од 350 милиони. Тоа јасно покажува дека ниту мерките се обмислени, ниту даваат резултат. Заради тоа во минатата година згаснаа 6200 компании, а најмалку уште двојно едвај преживуваат.

„Во услови кога државата не дава ефективна помош, во услови кога десетици илјади семејства остануваат без егзистенција, во услови кога илјадници компании згаснуваат, во услови кога нема капитални инвестиции, логично се поставува прашањето каде завршија над 1 милијарда нов долг кој што го генерираше владата на Заев за мината година, со што го надмина психолошкиот праг на долгот над 60% од БДП.Ниту може да се вадат на ковид кризата, ниту на глобалните економски текови, бидејќи гледаме дека соседните земји во исти услови имаат далеку подобри резултати. На дното сме во регионот, а да не говориме за Европа, според нивото на странски директни инвестиции. Во споредба со Србија, бугарија и Албанија имаме од 2 до 4 и пол пати помалку инвестиции по глава на жител, што говори дека не само во здравствен аспект , туку и во економски аспект сме црна дупка во Европа.Тоа е резултат на неспособноста и корумпираноста на оваа власт, која ја јаде економијата и го осиромашува народот, додека самата се богати“, се вели во соопштението.