Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект во Куманово затоа што работел по дозволеното време.

Според информациите на МВР, вчера во полиција било пријавено дека во угостителски објект на улица Ѓорче Петров во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во објектот биле затекнати девет гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен.

Можеби ќе ве интересира

Платила во туристичка агенција за патување 2.000 евра во кеш – ниту видела патување, ниту парите

ДЕСК

Тепачка меѓу градежни работници во центарот на Скопје

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Прегазил малолетничка од Скопје и побегнал од местото на настанот

ДЕСК