Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на магистралата Гостивар-Кичево – Има загинат и повредени, откако излетале со Bmw

На 14.02.2021 во 00.10 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот.

Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

ДЕСК