Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Горанците се одговорни и лојални граѓани и треба поактивно да бидат вклучени во државните активности

Премиерот Зоран Заев денеска одржа онлајн средба со Един Бајрами, претседател на Здружението на Горанците во Македонија и со претставници на здружението.

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот биле поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата за концептот Едно општество за сите.

„Претседателот и членовите на Здружението на Горанците информираа дека имаат претставници од Горанците во нашата земја, но и од Косово и од Албанија и изразија определба за активен придонес во реформските процеси во државата. Тие информираа дека како луѓе од еснафот, главно угостители и занаетчии, во време на пандемијата имаат организирано хуманитарни активности со поделба на оброци за припадници на МВР, на мигранти и на деца без родители и дека ќе продолжат да дејствуваат во оваа хумана насока“, се наведува во соопштението од средбата.

„Горанците се одговорни и лојални граѓани на нашата држава и треба да бидат поддржани во изразениот интерес да придонесат во политиките и активностите за доброто на државата“, рекол премиерот Заев.

На средбата било договорено, во следниот период, да се работи на поголема вклученост на Горанците во општествено-политичкиот живот во земјава, како и за поддршка на проекти од областа на културата.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК