16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: САД ја критикуваат земјава за корупција, а власта им праќа криминалец за амбасадор

Да поставиш соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта за амбасадор во САД, значи прво дека не ја почитуваш сопствената земја, а потоа ниту САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако беше објавено дека поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е новиот избор за амбасадор во Вашингтон.

„Фрчкоски е човек кој не се врзува со проекти, туку со скандали. Додека тој беше на министерски функции се случија приватизацијата, промената на знамето, убиства и грабежи. Киро Глигоров лично кажал дека Фрчкоски му нудел скап часовник и други скапи подароци за да го промени името, што било одбиено од истиот. Фрчкоски е човекот кој беше на чело на полицијата кога подоцна се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров и не го расчисти“, се наведува во соопштението на опозициската партија од каде додаваат и дека Фрчкоски е мизогинист, кој, како што велат, не го крие тоа.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата апсеше пијани возачи – еден бил фатен со дури 3,43 промили алкохол во крвта

ДЕСК

ВЛЕН: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ДЕСК

ДОМ: Независните кандидат(к)и не треба да се заложници на партиските монополи

ДЕСК