24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се примени нови 24 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 6 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 11 пациенти со симптоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 70 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, на ГАК три пациентки.

Вкупно 257 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.