23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петров кон Арсовски: Работиме транспаретно и секој денар го трошиме јавно

„Јас го немам потпишано договорот (на Фондот за иновации со маректинг агенција) но, цела постапка била во ред, целата тендерска постапка е јавна, немало жалби. Да ги искомуницираме фактите, вредноста на тендерот е 10 милиони, но го плаќаш тоа што го трошиш затоа што договорот е со рамковна спогодба. Од овој договор се потрошени само 1,2 милиони денари. Зошто е важно фондот да има маркетинг? Ние мораме да привлекуваме нови корисници и ќе продолжиме со квалитетна промоција, имаме одлично портфолио, имаме квалитетни млади и тие приказни мора да допрат до другите. Нема ништо спорно во договорот, рамковен е, периодот е едногодишен.“- му одговори Коста Петров од СДСМ на портпаролот од ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, во емисијата Анализа 24, на ТВ 24.

Тој дополни дека од септември, кога е потпишан договорот, до денес, се потрошени 1,2 милиони денари.

„Договорот е на 10 милиони, потрошени се 1,2 милиони денари, не дека јас сум директор, но фондот е транспаретна институција, секој трошок е на интернет, дел се потрошени за секојдневни активности, на дизајни, имаме мастер класови, интервјуа, треба да се потроши на дизајн, но, ниту денар не е даден за луксузирање, се ова што е потрошено е потрошено за фондот, од септември до февруари мислам дека разумно е потрошено.“- му дообјасни Петров на Арсовски.