16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 2021 е година на антикорупција, секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара

Борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет за СДСМ, а со стратешката рамка „Акција 21“ на Владата оваа борба станува посилна и поефикасна со зајакнување на сите капацитети кои се борат против високата корупција, наведува владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Ова е време на ред, правда и дисциплина. Секој кој ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност, без разлика дали е функционер или не. Време е за поставување ред во институциите.

Во првите шест месеци од годинава, во соработка со УСАИД ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено.

Почнува и реализација на проектот за интероперабилност меѓу антикорупциските институции кои одговараат пред Владата, со што се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по електронски пат за предмети поврзани со корупција.

На овој начин се очекуваат брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција, веќе никој нема да смее да затајува, забавува и закочува случаи во кои постојат сомнежи за корупција.

Следува зајакнување на правниот систем преку доекипирање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, како и електронски систем за инспекција.

Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат, ниту да се двоумат да ја пријават. Се воведува повикувачки број преку кој сите лица и физички и правните ќе можат да пријават ненавремено постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

СДСМ како одговорна партија ги носи европските стандарди дома и се води по принципот нулта толеранција кон корупцијата.

Така се гради праведно и правично општество, така се гради држава што оди напред“, пишува СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК