20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

149 санкционирани возачи во Скопје, 15 за управување со брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, од кои 15 за управување со брзина поголема од дозволената, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 19 за нерегистрирани и технички неисправни возила, три санкции за управување под дејство на алкохол, 11 за користење на мобилен телефон, две за непрописно престигнување и обиколување и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +