До нашата редакција пристигнаа принтскринови од статуси објавени на социјалните мрежи од извесен Драган Димишков.
Драган Димишков, член на ВМРО ДПМНЕ, а е дел од претседателство на ветерани на оваа политичка опција, употребувал тежок речник за зачленувањето на Македонија во НАТО.
По ова со фејсбук статус се огласи и македонскиот аналитичар Ненад Јовановиќ кој го објави следното:
Извесен Драган Димишков, сегашен претседател на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, шири антиНАТО пораки, се насладува со Руски “секс во газ”. Колку и да изгледаат овие пораки комични, гротескни и антиполитички, во себе содржат “чист ходник” на пораки од лажниот лидер Мицкоски. Дури, можам слободно да кажам дека антиевропската и антиНАТО кампања ќе им почне веднаш после новогодишните и божиќните празници.
За оние кои заборавиле: антиНАТО е кампања за враќање на национализмот, а со враќање на национализмот се враќа и тиранијата од типот на груевизмот. Тука сомнеж да немаме.
Башка читам дека овој опскурен Драган Димишков е некакво свештено, теолошко лице. И наместо да ја шири Исусовата идеја која во себе содржи универзални вредности, Димишков е опседнат со Руски “секс во газ”.
На што личите, погледајте се, бруки едни! Башка неписмен: гас на крајот се пишува со “з”.