22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кузеска: И по шест порази, Христијан Мицкоски никако да ја научи лекцијата

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во континуитет од 2017 години губи на сите избори и упорно продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Мицкоски како носител на листата на Град Скопје на локалните избори во 2017 година беше поразен. Беше поразен и една година подоцна на референдумот во 2018 кога граѓаните одлучија да го поддржат Договорот со Грција и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ. Неговата кандидатка загуби на претседателските избори во 2019 а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локалните избори во Охрид и Ново Село. Пред само 5 месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а пред само два дена поразени беа нивните блокади и опструкции во Штип. Поразите на Мицкоски продолжија и во Собранието на Република Северна Македонија кога се гласаа уставните измени, како и кога се гласаше и за Законот на Јавното обвинителство“, рече Кузеска.

Таа вели дека Мицкоски никако да извлече поука и упорно, одново продолжува со опасните политики – не застанува на страната на граѓаните, на страната на државата и прави сè европскиот пат да не успее и тоа само заради една единствена цел – да ја зачува фотелјата во белата палата.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК