Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, утре заминува во официјална посета на Софија, јави бугарската новинска агенција, БГНЕС.
„За време на престојот ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов“, рече Владо Бучковски за БГНЕС.
Тој објасни дека во четврток ќе има средба со претседателот Румен Радев.
„Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја “, потенцираше Бучковски.
Бугарија денеска на состанокот на Советот на министри во Брисел стави вето на преговарачката рамка за Северна Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.