Соопштение на Министерството за здравство:
Министерството за здравство жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.
Се надеваме дека дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза. Министерството за здравство утре поканува претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со нас детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени ЈЗУ-а.
Во продолжение на оваа известување интегрално ви го испраќаме вчерашното известување, во кое објасуваме дека никаде нема издадено забрана за снимање и дека новинарите може непречено да известуваат професионално од каде сметаат дека има потреба или е предмет на јавен интерес.
Соопштение испорачано на 29.11.2020 година:
Почитувани,
Во ниту една задравствена установа, не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање од страна на медиумски работници. Медиумите може непречено да си ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење. Согласно Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на лични податоци, Министерството за здравство и Здравствените установи се должни да го заштитат идентитетот на секој пациент, како и неговата приватност, од таа причина ве молиме при видео или фото известување задолжително да ги почитувате и заштитите идентитетот и приватноста на пациентите.
Денеска предмет на интерес на повеќе медиуми беше ГОБ 8 Септември, ве информираме дека директорот д-р Христија Костов не издал наредба за забрана за снимање на болницата. Тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи овде има пацинети кои чекаат да бидат хосиптализирани, а возила на Брза Помош носат болни во тешка состојба и од таа причина редот мора да се запази како не би се нерушила приватноста на пациентите, но и работата на здарсвтвените работници од една страна и медимските работници од друга страна. Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нерушат паравата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик задравјето на медиумските работници.