-Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.
Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.
Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи, соопшти Бојан Мариќиќ, министер за правда.