23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи и Филипче ги информираа амбасадорите за состојбата со коронавирусот во земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организира заеднички видеобрифинг со министерот за здравство, Венко Филипче, со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисии акредитирани во Скопје.

Целта на брифингот беше да се информираат амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и за разните сетови мерки што ги презема Владата за справување со пандемијата.

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на Ковид-19“, истакна Османи.

„Особено сме благодарни до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност имеѓудржавната соработка бидејќи пандемијата нè научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана“, нагласи Османи.

Министерот за здравство, Филипче, ги информира амбасадорите подетаљно за последните случувања во однос на справувањето со Ковид-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните, како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата.