Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ученици на Царовска ѝ презентираа концепт за тоа како го замислуваат средното образование

Група средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“, денес, на министерката за образование и наука, Мила Царовска, ѝ презентираа целосно нов концепт за тоа како тие го замислуваат реформираното средно гимназиско образование.

Станува збор за документ изготвен од тим ученици како дел од проектот „Имам став“ во организација на Парламентарниот институт при Собранието.

Концептот што средношколците го понудија предвидува задолжителни и изборни предмети, дигитализација на евиденцијата за отсуства и темелни промени во начинот на оценувањето на знаењето на учениците.

Министерката Царовска на состанокот посочи дека во процесот на создавањето на новиот концепт на средното образование добредојдени се сите иницијативи и идеи од учениците, наставниците и родителите бидејќи новиот модел на образование треба да ги научи учениците критички да размислуваат и да носат одлуки врз основа на анализа и факти.

„Нашите клучни партнери се учениците, наставниците и родителите. Сите заеднички ќе работиме на создавање на најдобриот модел што ќе го имплементираме“, рече Царовска.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.