25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец осуден на четири години затвор

Синоќа во 20.50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Карпош на ул.„МАНАПО“ во Скопје го приведоа Е.М.(24) од Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1, за издржување на казна затвор во траење од четири години за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа, соопшти полицијата.