11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности

Триесет и деветгодишен скопјанец без дозвола градел на државно земјиште и на две парцели кои биле приватна сопственост во Бутел.

„ Пријавениот, во текот на септември оваа година, узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на Р.С.Македонија, и без да обезбеди Одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности – градба од втора категорија, за која е потребно Одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење.

Исто така, на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, која што била приватна сопственост на друго физичко лице, започнал со изведување на противправни градежни активности, со што ги сторил кривичните дела“ соопшти МВР.

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „бесправно градење” и „узурпацијата на недвижности”.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.