5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Поднесен е предлог-закон за посебна комисија за справување со пандемијата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија денеска заедно со останатите опозициски партии Алијанса и Алтернатива и Левица, поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

„Бараме формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19, којашто секојдневно се влошува“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се објаснува дека составот на комисијата на предлог на Владата ќе го избира Собранието, а истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

„Целта е да се формира комисија којашто ќе биде составена од професионалци кои се докажани во своите области и коишто со своето објективно работење и носење одлуки ќе придонесат за нормализирање на тешката состојба во којашто се наоѓа Република Македонија предизвикана од ковид-кризата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека е очигледно оти Владата на СДСМ и здравствените власти немаат капацитет да се справат со проблемот.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК