Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен 25-годишен скопјанец, расчистена тешка кражба

Полицијата вчера го приведе М.Ш.(25) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил тешка кражба, ноќта на 14/15.5.2020 во стан на ул. Вамбел во Скопје.

„По добиена наредба од кривичниот суд во Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот кај М.Ш. и при претресот се пронајдени предмети кои потекнуваат од наведеното кривично дело“, соопшти МВР.

Осомничениот е приведен во Полициска станица Гази Баба и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

ДЕСК

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.