8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Улицата Никола Карев пуштена во сообраќај со нов простор за велосипедистите

Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Железничка станица.

Реконструкцијата на потегот од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со булевар Трета македонска бригада, опфати целосна обнова на асфалтот на улицата, во должина од 510 метри, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Во тек е целосната репарација на тротоарите.

На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на трите општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од булевар Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Герасимовски: Инвестициите во спортот се наш приоритет, фискултурната сала во Димитар Миладинов со нив лик

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Поставивме нови паркинзи за велосипеди и тротинети во Центар, грижата и безбедноста за велосипедистите најважни

C +