Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Семејна драма: Снаа нападнала свекрва во тетовско

Тетовската полицијата соопшти дека свекрва на 73 години ја пријавила снаата за семејно насилство. Настанот се случил во нивната куќа во едно тетовско село.

-Седумдесет и три годишна жителка на тетовско село вчера 19 октомври во 9 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 16 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината 37-годишна снаа. Пријавената по извесно време била повикана во Полициската станица Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против снаата ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК