6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Вуцас: Лошиот менаџмент на власта со здравството резултира со негативни последици

Лошиот менаџмент на власта со здравството резултира со негативни последици, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со членот на ИК на партијата, Стефан Андоновски, оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија – Георг Вуцас.

На средбата се раговараше за пандемијата на Ковид-19, која е предизвик за целиот свет, но, како што вели Мицкоски, е особен проблем за Република Македонија поради лошиот менаџмент на власта со здравството, но и со економските последици.

Мицкоски рече дека власта мора поодговорно да дејствува, особено поради фактот што за 19 дена имаме речиси 6.000 заболени, односно 3 пати повеќе отколку што власта убедувала дека ќе биде за време на целата криза.

На состанокот станало збор и за актуелната политичко-економска состојба, а според ВМРО-ДПМНЕ, мерките за помош на граѓаните и стопанството не се сеопфатни и исклучуваат цели категории граѓани од помош.

„Мицкоски посочи и на сите многубројни забелешки на ЕК во нејзиниот извештај за Република Македонија, а кои се факт, пред сè, поради неспособноста на власта и нејзиниот пакт со криминалот“, информираат од опозициската партија за текот на средбата.

Дополнително, Мицкоски изразил задоволство за добрите односи помеѓу Австрија и Република Македонија потенцирајќи дека нашата држава секогаш ѝ била добар пријател на Австрија, но и имала добар пријател во Австрија.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК