23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје казнети 273 возачи: 50 за пречекорена брзина, 31 за возење без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 273 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 31 лицe, за пречекорување на дозволената брзина на движење 50 прекршоци, 31 технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 15 мерки за неносење сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, 16 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 49 казни за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.