10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Радовиш

На 16.10.2020 во Радовиш, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Х.(31) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле околу 300 грама марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК