Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени, јави УХМР.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер, кој краткотрајно ќе се засилува. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До четврток претпладне ќе има краткотрајно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток во текот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и в петок преку денот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛА КРУШЕВО ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ, НАЈМАЛ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САРАЈ – До 15 часот 27.09 отсто излезност

ДЕСК

До 13 часот излегле 18,05 проценти од гласачите

ДЕСК

Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!

ДЕСК