7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанка ограбила стружанец во тоалет

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ја приведоа Д.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 27.09.2020 во 20.00 часот во угостителски објект на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје украла пари од Н.Р.(48) од с.Мороишта, Струшко.

Според пријавеното, таа во тоалетот на угостителскиот објект од Н.Р. одзела 500 евра и 3000 денари. Набргу потоа, по преземени мерки, Д.С. била пронајдена и кај неа биле пронајдени парите. Таа била лишена од слобода и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Падна одлука: Овие државни работници ќе земаат 20 отсто повисока плата, покрај вработените повисоки плати ќе добијат и директорите

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

C +

Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на семејна веселба

ДЕСК