Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сеат леон излета од патот – Тешка сообраќајка со повредени кај Леговец

На 20.09.2020 во 01.15 часот на локален пат Пробиштип – с.Ратавица, на место викано „Леговец“, М.Ѓ.(26) од с.Турско Рудари, пробиштипско, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

По незгодата, возачот и сопатникот М.В.(22) од Злетово биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде кај М.Ѓ. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај М.В. телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК