14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Новата Влада ќе го задржи континуитетот на европската агенда

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денес го прими во проштална средба амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Заеднички беше позитивно оценета соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава, а Димитров го истакна и личниот придонес на амбасадорот Жбогар во процесите кои што имаа позитивна пресвртница во европскиот пат на нашата држава, заблагодарувајќи му се за искреното пријателство и посакувајќи му успех во неговите идни професионални ангажмани.

„Интензивната соработка со институциите на ЕУ беше продлабочена преку пријателството и искрениот однос со нивните претставници во Северна Македонија. Како и за време на мандатот на амбасадорот Жбогар, новата Влада и во следниот период ќе го задржи континуитетот на европската агенда, а Секретаријатот за европски прашања ќе биде моторот кој што ќе ги придвижува реформите, а со тоа и евроинтегративните процеси“, кажа Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +