25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кочоска: Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард и како се поврзани со власта

Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврзани со власта и зошто НБРМ ги толерирала ваквите кредити, праша денеска на прес-конференција, Гордана Димитриеска-Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ја прашуваат гувернерката кога адвекватноста на капиталот на Еуростандард банка паднала под законскиот минимум.
ВМРО-ДПМНЕ прашува и зошто одлуката за одземање на лиценцата на Еуростандард банка се прави во овој момент и зошто истото не се направи пред избори.

„Кого штитеше гувернерката во последната година ако се земе предвид дека еден од сопствениците на банката јавно кажува дека овој проблем постои веќе една година. Дали толку време беше потребно избрана група на луѓе и компании да ги повлечат своите средства и да ја прекинат соработката со банката, како што е случајот со министерката за финансии“, праша Димитриеска-Кочоска.

Таа рече дека самата гувернерка признава оти нефункционалните кредити се 4,7 отсто од вкупните кредити, од кој цел еден процент отпаѓал на само една банка Еуростандард банка. Според Кососка, ова значи дека некој свесно дозволил давање на кредити без покритие, а од вкупните нефункционални кредити де факто над 21% отпаѓа на банка која гувернерката вели дека е незначајна за банкарскиот систем врз основа на тоа што Еуростандард банка со состојба на 30 јуни 2020 година учествува во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, со 1,3%, 1,7% и 1,6%, соодветно.

„Зошто е толерирано волку мала банка да има толку нефункционални кредити. Добро е и да се види кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта. Колку компании се уништени со оваа одлука и колкав е износот на депозити на правните субјекти и физички лица кои не се гарантирани и кои не можат да ги повлечат. Кој ќе сноси одговорност за влошување на состојбата во бизнис секторот кој и онака трпи сериозни последици. Воедно се отвораат и други дилеми, кој ќе преземе одговорност за ширењето на корона вирусот кога над 55,000 граѓани веќе трчаат во други банки да отвораат сметки. Кој ќе сноси одговорност доколку дел од овие граѓани поради целиот овој хаос останат без приходи следниот месец? Она што исто така загрижува е и што ќе се случува со македонска пошта. Граѓаните знаат дека во македонска пошта можеше да се плаќа сметки. Но тие незнаат дека системот кој што македонска пошта го користеше е на Еуростандард банка. Колку оваа одлука ќе има влијание на ликвидноста на македонска пошта и дали ќе влијае на бројот на вработени? Воедно со оваа одлука која се носи во најголема здравствена и економска криза без работа остануваат околу 170 вработени кои имаат свои фамилии“, рече Димитриеска-Кочоска.