Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тинејџер со автомобил удрил во две деца во Центар и избегал

Деветнаесетгодишен возач со автомобил удрил во две деца во Скопје и избегал. Двете деца биле повредени во несреќата и пренесени во болница, а едното од нив се здобило со тешки повреди.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечер околу 22 часот, на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта трети“ кога М.Х. (19) со „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што избегал.

Децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК