24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стојаноска: Mакедонија води на црните листи за заболени, а Филипче заборави дека е министер

Додека Македонија бележи огромен број новозаболени од Ковид-19, Венко Филипче, трчајќи да ја реализира партиската агенда на Зоран Заев и СДСМ, заборави дека е министер за здравство, рече денеска на прес-конференција, Дафина Стојаноска, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Има голем број новозаразени во едно деноноќие, има голем број починати во едно деноноќие, Македонија води на црните статистики како по број на заболени на милион жители,така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноска исто така обвини дека дискотеката во Струмица, каде што викендов се одржале масовни забави, е во сопственост на, како што рече, другари од друштвото на Заев.

„Заев и СДСМ го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните. Ако вака се продолжи, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател, кој е занесен во лагите и правењето криминал“, посочи таа.