23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во национална авиокомпанија пилотите служат патници, стјуардесите се отпуштени

„Исландер“, националната авиокомпанија на Исланд, со седиште во Рејкјавик, реши да ја отпушти кабинската посада – сите стјуардеси и стјуарди во обид да ја спасат компанијата од финансиски проблеми предизвикани од коронавирусот, а пилотите наместо нив ќе ги пречекуваат патниците.

„Пилотите нема да поминат многу време во туркање количка низ кабината нудејќи пијалаци и оброци, затоа што таа услуга е сведена на минимум поради вирусот“, ја соопшти „Исландер“ одлуката, според која дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во кабината.

Стјуардесите и стјуардите се одговорни за безбедноста на патниците и тоа е нивната прва и најзначајна улога во авиокомпанијата, за што минуваат низ неколкунеделна обука, така што, како што пренесуваат медиумите, останува нејасно како пилотите ќе успеат да се подготват за новата улога за два дена. Oдлуката за разрешување на кабинската посада е донесена по долги неуспешни разговори со претставниците на синдикатот.

„Бизнисинсајдер“ наведува дека сè уште не е јасно дали е дозволена таква замена на улогите во регионите кон кои лета Исланд, вклучително и САД и ЕУ, пренесува „Бизнисинсајдер“.