Мојот акциски план за првите 100 дена опфаќа 25 конкретни мерки за подобрување на еднаквоста и животниот стандард за сите граѓани на Северна Македонија, рече денеска кандидатот за премер Албанец од ДУИ, Насер Зибери.
Тој рече дека здравството е еден од најважните столбови на едно општество, а особено во ова време на пандемија.
„Вие, докторите и здравствените работници, бевте главните и најекспонирани фигури во првите редови на нашата борба против Ковид-19. Една од моите први активности како премиер е да ја зголемам минималната плата за здравствените работници 50 проценти, односно на 600 евра“, порача Зибери.
Нагласи дека ова ветување ќе биде исполнето во рамките на првите 100 дена влада.
„Ќе инвестираме во опрема и инфраструктура во здравствените установи со цел да гарантираме подобри услови во областа на здравството, како и подобри и побрзи услуги за нашите граѓани“, се обврза Зибери.