8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на службената положба, лажен исказ и непружање лекарска помош.

Писмото денеска пред Обвинителството го прочита неговиот адвокат Сашо Дуковски.

„За да се избегнат сите шпекулации, јас со ова соопштение ви кажувам дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, лица политичари кои се дел од актуелната извршна власт, за лица од бизнис-секторот, неколку цивилни лица блиски до политичарите и носителите на јавни функции“, се вели во писмото на Јовановски.

Понатаму тврди дека е цел на закани и уцени.

„Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и кои било методи на уцени и закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот, но повторувам, нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска должност и намерата во борбата со вистинските криминалци“, пишува Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК